(Видео) Кузеска: Аларм на Онкологија, поплава со фекалии и страв од радијација, кој ќе понесе одговорност

(Видео) Кузеска: Аларм на Онкологија, поплава со фекалии и страв од радијација, кој ќе понесе одговорност

пред 3 часа

Од СДСМ алармираат како што истакнуваат за исклучително сериозна ситуација која претставува директна закана по здравјето и безбедноста на пациентите и медицинскиот персонал.

После невремето во Скопје, според портпаролката на оваа партија Богданка Кузеска, поплавена е Клиниката за онкологија, исклучени се апаратите за радиотерапија.

Протекла вода и во просториите каде се прима терапија со радиоактивен јод.

„Не станува збор за обична дождовна вода туку на избиена канализација! Ова значи дека најранливата категорија на пациенти е изложена на двоен, стравотен ризик. Радијациски ризик, поради протекување на вода во просторијата каде што се прима терапија со радиоактивен јод.
И биолошки ризик од протекување на септичка, фекална вода низ клиниката.
Информациите со кои располагаме говорат дека единствениот изолиран бункер со оловни ѕидови е целосно поплавен, а друга таква алтернативна просторија на Клиниката – нема“.

Имајќи предвид дека радиоактивниот јод има полуживот од околу 8 дена, од опозициската партија бараат итни одговори од менаџментот на Клиниката за онкологија и од Дирекцијата за радијациона заштита:

„Дали е реагирано навреме во оваа кризна ситуација или се дозволи хаосот да ги загрози човечките животи? Каде се физички сместени во овој момент пациентите кои веќе примиле јодна терапија?
Ако единствениот безбеден бункер е поплавен, дали овие пациенти се наоѓаат меѓу други луѓе?

Дали постои контаминација со радиоактивен јод надвор од предвидените зони?

Дали е направена итна и темелна деконтаминација на просториите каде што престојувале овие пациенти по избивањето на поплавата?

Конечно, дали е загрозена безбедноста на целокупниот персонал и на стотиците пациенти кои денес транзитираат низ ходниците на Клиниката?

Кој ќе понесе одговорност за потенцијалната биолошка контаминација предизвикана од излевањето на фекални води во болничка установа каде се лекуваат имунокомпромитирани пациенти“.

Кузеска потенцира дека здравјето на пациентите и безбедноста на здравствените работници не смеат да бидат оставени на милост и немилост на застарената инфраструктура и неспособност.

Од СДСМ, бараат итни, прецизни и транспарентни одговори, како и преземање на итна одговорност за оваа хаварија.

Текстот (Видео) Кузеска: Аларм на Онкологија, поплава со фекалии и страв од радијација, кој ќе понесе одговорност е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top