Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, бил осуден за незаконски дела во Германија, информацијата на прес конференција ја објави портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.
Од СДСМ информираат дека судот во градот Ахен, пред неколку години, му пресудил на Милошоски за сторено кривично дело-фалсификување исправи.
„За овој голем срам, Милошоски не треба да бега и да се крие, туку веднаш да излезе пред граѓаните.Тој има обврска за овој скандал јавно да се произнесе, исто како и Христијан Мицкоски. Какви кривични дела сторил во 2004 и 2005 година во Германија? Зошто ги криел податоците од граѓаните? Дали интензивното генерирање лажни вести е за да го прикрие сопствените криминали?“-истакна Кузеска.
Од СДСМ напоменуваат дека доколку информациите бидат потврдени, тогаш Милошоски треба јавно да се извини, да побара прошка од граѓаните и веднаш да поднесе оставка.