(Видео) Лазаревска: ВМРО-ДПМНЕ е против над 4.700 наставници и стручни работинци

пред 4 години

ВМРО-ДПМНЕ е против над 4.700 наставници и стручни работинци, ВМРО-ДПМНЕ е против образованието во нашата држава, истакна на денешната прес конференција Жаклина Лазаревска, пратеничка од СДСМ.

Според неа, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ втор ден намерно ја кочат работата на Комисијата каде треба да се расправа за важни измени и дополнувања на закони од областа на образованието.

„Со овие измени на Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта и Законот за Бирото за развој на образованието, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се противат да 4.700 просветни работници добијат работно место, односно да нивните договори од определено работно време бидат трансферирани во работен однос на неопределено работно време. Замислете, се противат на законско решение кое треба да обезбеди создавање на правна и економска сигурност на наставниците и стручните соработници преку засновање на работниот однос на неопределено време, подобрување на квалитетот на воспитно-образовниот процес преку воспоставување на континуитет во реализацијата на наставата, како и овозможување на професионален и кариерен развој на овие наставници и стручни соработници“, потенцира Лазаревска.

Ова како што рече, покажува колку ВМРО-ДПМНЕ навистина се грижи за образованието. За нив, вели Лазаревска,тесниот партиски интерес и ситните политички калкулации се поважни од квалитетно образование во нашата држава.

Share
Scroll to Top