(Видео) Летаат јајца кон Собранието, демонстрантите бараат оставки

пред 2 години

Демонстрантите од владината зграда се упатија кон Собранието, кадешто ја пробија оградата и навлегоа во дворот на законодавниот дом.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

На третиот ден од протестите против францускиот предлог за решавање на спорот со Бугарија, околу Собранието се распоредени бројни полициски сили, а дел од демонстрантите фрлаа јајца кон зградата, пееја патриотски песни и бараа оставки од власта.

 

Претходно, групата демонстранти се проби во дворот на Владата.

Скандираа „Оставка, оставка!“, „Македонија, Македонија!“ и „Никогаш Северна“.

Некои од нив се судрија со полицијата, која постави коридон пред зградата на Владата, кога ја пробија заштитната ограда.

Протестот го отвори пејачот Ламбе Алабаковски со македонската химна порачувајќи: „Ако мојата дијагноза е пироман, вашата дијагноза е предавничка“. Алабаковски, кој беше обвинет за палењето на вратата на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола, симболично запали хартија на која пишуваше „Преспански договор, бугарски договор, француски предлог, фашизам“.

Share
Scroll to Top