(Видео) Лефков поднесува кривична пријава против Јон Фрчковски: „Никогаш не сум користел наркотици и тоа е факт“

(Видео) Лефков поднесува кривична пријава против Јон Фрчковски: „Никогаш не сум користел наркотици и тоа е факт“

пред 1 час

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, најави дека по електронски пат и преку архива ќе поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција против Јон Фрчковски од СДСМ и други непознати лица.

Ова е продолжение на јавната преписка меѓу Јон Фрчковски од СДСМ и пратеникот Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ, која почна со обвинувања за користење наркотици и барања за тестирање.

Лефков ги повика надлежните институции детално да утврдат што стои зад овие објави и да испитаат евентуално постоење на кривични дела опфатени со членовите 215 и 216 од Кривичниот законик (поврзани со неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги), како и дали има основи за примена на членот 364 за непријавување кривично дело.

Во својата објава, Лефков категоријално ги отфрли сите обвинувања и ги нарече клевети, истакнувајќи дека никогаш во животот не користел наркотични средства ниту пак има слабост кон алкохол.

„Категорично. Немам слабост ниту кон алкохол, ниту кон наркотици. Никогаш не сум користел наркотични средства и тоа е факт. А мојот најважен тест се моето семејство и моите пријатели. Ако мислиш дека сум направил кривично дело, повели, пријави ме. Јон, има суштинска разлика помеѓу мене и тебе. Јас за моите зборови и постапки стојам јавно и одговорно. И токму тоа очигледно ви пречи. Ти и оние малкумина кои застанавте околу Филипче се искршивте плукајќи и клеветејќи, мислејќи дека така ќе се вратите на власт и ќе продолжите да користите наркотици по канцеларии. Тоа нема да ви го дозволи народот Јон, не јас. А ти, од друга страна, со своите постапки самиот се компромитираш. И наместо да дадеш одговори, продолжуваш со истото. Си пробал? Те сликале. Тоа не се мои зборови. Тоа се твои зборови. Затоа, Јон, да знаеш, вистинскиот предизвик се институциите“, порача Лефков.

Тој додаде дека за него оваа тема повеќе нема да се води преку социјалните мрежи, туку институционално, порачувајќи дека со оваа Влада нема компромиси и доколку се утврди одговорност, ќе следат законски последици.

Текстот (Видео) Лефков поднесува кривична пријава против Јон Фрчковски: „Никогаш не сум користел наркотици и тоа е факт“ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top