(Видео) Манасиевски: Билатералниот спор со Бугарија треба да биде врз база на реципроцитет, а не врз база на потчинување како што сака Филипче и СДС

(Видео) Манасиевски: Билатералниот спор со Бугарија треба да биде врз база на реципроцитет, а не врз база на потчинување како што сака Филипче и СДС

пред 5 часа

Билатералниот спор со Бугарија треба да биде врз база на реципроцитет, а не врз база на потчинување како што сака Венко Филипче и СДС. Времето кога Македонија водеше потчинета и понижувачка политика предводена од Филипче, неговиот ментор Зоран Заев и СДС заврши, оцени на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните, вели тој, во најголема мера даваат недвосмислена поддршка на Македонија кон европскиот пат, но исто така сличен процент на граѓани сметаат дека државата не треба да прави повеќе отстапки за да стане дел од ЕУ.

„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ цврсто стои на ставот дека европскиот пат на Македонија не треба да е еднонасочна улица, туку дека Бугарија треба да ги испорача нејзините обврски, како што се пресудите од Европскиот суд за човекови права.

Секако, оваа државничка политика во која не прифаќаме уцени и диктати од официјална Софија, не им се допаѓа на Бугарија и на специјалниот бугарски пратеник во Македонија, Венко Филипче, кои имаат добро координирани ставови и тези кои ги пласираат во јавноста“.

Ваквата мекотелна политика на Филипче и СДС со потчинувачки изјави и отворени симпатии кон Бугарија, оценува тој, нема да му донесе добро на него, но не и носи добро и на државата. Така беше, како што рече, и со Заев, така беше и со Ковачевски, а сега истото и со Венко Филипче.

ВМРО-ДПМНЕ, нагалси тој, нема да дозволи нови понижувања во евроинтегративниот процес на Македо

Текстот (Видео) Манасиевски: Билатералниот спор со Бугарија треба да биде врз база на реципроцитет, а не врз база на потчинување како што сака Филипче и СДС е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top