(Видео) Манасиевски: Филипче и СДС и натаму лажат дека Алта банка имала забрана за работа во ЕУ и бегаат од надзорна расправа

(Видео) Манасиевски: Филипче и СДС и натаму лажат дека Алта банка имала забрана за работа во ЕУ и бегаат од надзорна расправа

пред 2 часа

„Филипче и СДС и натаму лажат дека Алта банка имала забрана за работа во ЕУ. Не сносејќи никаква одговорност, се расфрлаа со лаги, манипулации и со нивните јавни говори се обидоа да го девалвираат банкарскиот систем“, кажа Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Излажаа за забраната на Алта банка, излажаа дека банката е неликвидна, дека ќе пропадне, дека граѓаните ќе останат без своите пари и што ли уште не излажаа.

За на крајот да испадне дека сето тоа што го говореа е лага. Да излезе, дека тие биле првите кои влегле во деловни односи со Алта банка и Давор Мацура.

Затоа денес бегаат од надзорната расправа и бегаат од вистината која излезе на виделина.

Бегаат затоа што знаат што правеле и мислат дека и другите ќе прават како нив. Едноставно кај Филипче и СДС работи Фројд“, изјави Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Текстот (Видео) Манасиевски: Филипче и СДС и натаму лажат дека Алта банка имала забрана за работа во ЕУ и бегаат од надзорна расправа е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top