(Видео) Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

(Видео) Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

пред 3 часа

Специјалниот пратеник на Румен Радев, Венко Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија поради неговите антимакедонски ставови, кажа на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Филипче, вели тој, е соработник со Виктор Стојанов кој се залага за промоција на бугарскиот идентитет, историја и култура во Македонија.

„Неговите јавни настапи се насочени кон негирање на македонскиот јазик и националната посебност, промовирајќи ја тезата дека Македонците и Бугарите се еден ист народ. Поради неговите ксенофобични односи, тој е означен како закана за националната безбедност од македонските власти и има забрана за влез во земјата“.

Филипче, оценува Манасиевски, е соработник со човек кој ја негира Македонија, односно вели дека сме еден народ со Бугарите во две држави.

„Филипче е соработник со човек кој ни го негира идентитетот, јазикот, културата и историјата.

Филипче е директен соработник на Бугарија во Македонија, преку бугарските мисии на министерката Петрова Чамова.

Специјалниот бугарски пратеник во Македонија, Венко Филипче е единствениот кој бара внесување на Бугари во Устав без гаранции дека тоа е последниот чекор за влез во ЕУ.

Венко Филипче со ваквиот однос кон Македонија си ја запечатува својата политичка кариера“.

Текстот (Видео) Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top