(Видео) Марков: Ваучери од 250 евра за 55 илјади студенти за електронски уреди

(Видео) Марков: Ваучери од 250 евра за 55 илјади студенти за електронски уреди

пред 13 часа

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Марков, денеска најави дека 55 илјади студенти ќе добијат ваучери од 250 евра (15.300 денари) за набавка на лаптоп или таблет.

Средствата, во вкупен износ од 850 милиони денари, ќе бидат обезбедени од државниот буџет.

Марков изјави дека целта е да се намали дигиталната нееднаквост и да се инвестира во образованието. Ваучерите ќе бидат наменети за студентите до 29 години, а ќе се користат од следната учебна година. Средствата нема да се враќаат.

Текстот (Видео) Марков: Ваучери од 250 евра за 55 илјади студенти за електронски уреди е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top