(Видео) Маркоска: Антинародното ВМРО-ДПМНЕ е против отпремнини од 20.000 евра за војниците

пред 4 години

ВМРО-ДПМНЕ не се откажува од блокадите за Законите кои носат подобар живот за сите граѓани, смета пратеничката од СДСМ, Даниела Маркоска.

Според неа, ВМРО-ДПМНЕ по секоја цена го кочи Законот со кој државата ќе добие нов, современ Клинички центар во Ѓорче Петров, Скопје, прв по 80 години.

„Со ова ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски застанува против здравствениот систем и против здравјето на граѓаните“, рече Маркоска.

„Дека на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ единствена задача им е да го кочат секој закон кој е во интерес на граѓаните, докажуваат и блокадите на Законот за служба во Армијата. Со 2.000 амандмани ВМРО-ДПМНЕ се противи на олеснување на условите за пензионирање, на поголеми отпремнини за припадниците на Армијата. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се против тоа војниците да имаат право на избор, се противи војниците да имаат можност да добијат и 20.000 евра отпремнина по навршување на 45 години возраст, се противи и на дополнителните поволности при пензионирање“, предочува пратеничката од СДСМ.

Маркоска смета дека се лажни и лицемерни тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека со ова сакаат да го подобрат овој Закон.

„Тоа што за Закон кој има 30тина членови, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ поднесуваат 2.000 амандмани не е никакво подобрување, туку класична блокада на измените и дополнувањата на Законот. Додека парламентарното мнозинство предводено од СДСМ работи во интерес на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ заради лични и дневнопартиски интереси кочи и блокира закони, ја опструира работата на Собранието“, вели Маркоска.

Share
Scroll to Top