(Видео) Мециновиќ: Бараме закон со кој ќе се ограничат кириите, до стан само без бубрег

(Видео) Мециновиќ: Бараме закон со кој ќе се ограничат кириите, до стан само без бубрег

пред 2 часа

На денешната седница за пратенички прашања, пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, упати прашање до министерот за транспорт, Александар Николоски, посочувајќи дека власта предводена од ДПМНЕ целосно ја игнорира кризата со домувањето и ги оттурнува граѓаните кон несигурност, сиромаштија и иселување.

„Од 2020-та наваму живееме во перпетуална криза: ковид, енергетска, геополитичка, ценовни шокови, а сега и со горивото. Но, најтивката и најболната криза е домувањето. За една цела генерација, домувањето е главниот катализатор за иселување. Не е тоа само проблем на младите, туку и на нивните работнички семејства“, истакна Мециновиќ, нагласувајќи дека власта не нуди никакво решение додека проблемот станува сè подлабок.

„Работник што прима 24.000 денари месечно создава вредност од околу 290.000, а дома носи едвај 16%. И од тие пари, ако е под кирија, повторно ги враќа на сопственикот на станот. Со што останува? Со несигурност. Како да купи стан? Како да формира семејство? Во меѓувреме имаме десетици илјади празни станови кои намерно се држат надвор од пазарот за да се одржуваат високите цени, а сега и странски фондови најавуваат купување на станови. Тоа значи дека ќе станеме нација на киријаши. Целата плата оди за кредити. Бараме закон со кој ќе се ограничат кириите. До стан само без бубрег. Се движиме во реалност каде што никој од нас ништо нема да поседува. До каде со оваа политика, има ли план да излеземе од неа?“, праша Мециновиќ.

Текстот (Видео) Мециновиќ: Бараме закон со кој ќе се ограничат кириите, до стан само без бубрег е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top