(Видео) Мециновиќ: Владиниот кандидат се сретна со „Вреди“ и ја доби нивната поддршка, јас се среќавам со Скопје

(Видео) Мециновиќ: Владиниот кандидат се сретна со „Вреди“ и ја доби нивната поддршка, јас се среќавам со Скопје

пред 3 недели

Кандидатот на Левица за градоначалник на Скопје, Амар Мециновиќ кој влезе во вториот круг на локалните избори се огласи откако неговиот против кандидат Орце Ѓорѓиевски од ВМРО -ДПМНЕ кажа дека Мециновиќ во првиот круг имал поддршка од ДУИ, а со повикот за поддршка од СДСМ, нивната коалиција станала јавна.

„Денеска мојот противкандидат зборува за тоа од каде ми доаѓале или ќе ми дојдат гласовите и почнува да зборува за некоја теорија на заговор“, вели Мециновиќ.

„Владиниот кандидат се сретна со „Вреди“, ја доби нивната поддршка, јас се среќавам со Скопје и ќе продолжиме да се среќаваме со скопјани. Затоа што скопјани се охрабрени и во се поголем број ќе излезат во вториот круг. Овој контингент кој го создадовме само ќе расте“, додава тој.

Текстот (Видео) Мециновиќ: Владиниот кандидат се сретна со „Вреди“ и ја доби нивната поддршка, јас се среќавам со Скопје е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top