(Видео) Митева: Град Скопје и општина Центар имале решение за сечење на три дрвја, а исекоа 10

пред 3 години

Приказната на Град Скопје дека дрворедот на улица Орце Николов е исечен согласно Закон е само уште една лага на градоначалникот Петре Шилегов, обвини на прес-конференција портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

Таа на увид приложи решение со кое, како што кажа, се одобрува сечење на 10 дрвја како и кроење на цел дрворед долж улицата Орце Николов.

„Многу нелогичности има во самото решение. Најпрво, решението е издадено за сечење на 10 дрвја што се наоѓаат на потегот од крстосницата со Рузвелтова до крстосницата со Ленинова. Дополнително, согласно информациите со кои располагаме, на овој дел од улицата Орце Николов требало да се исечат само три дрвја од овие десет за кои има дозвола за сечење согласно решението, а исечени се вкупно тринаесет“, посочи Мтева.

Таа нагласи дека Град Скопје на увид треба да ја достави целата документација, а Шилегов треба да биде свесен дека постапувањето спротивно на законите повлекува одговорност.

„Да разјасниме уште една дилема, за дрворедот на ул. Орце Николов. Во решението е наведено дека ќе се изврши кроење на дрвата што значи нивно обликување, а не нивно сечење како што се случи. Додека говорот им е полн со зборови за зелено Скопје, делата им се полни со исечени стебла и руинирано Скопје“, рече партиската портпаролка потсетувајќи дека зелените појаси во градовите значително влијаат на намалувањето на загаденоста на воздухот.

Share
Scroll to Top