(Видео) Митева: Три години по ред УКИМ бележи пад на рангирањето на Шангајската листа

пред 3 години

Три години по ред УКИМ бележи пад на рангирањето на Шангајската листа. Од 1816 место во 2019 година, денес универзитетот се наоѓа на 1944-то место. Образованието од година во година ни тоне, погрешните реформи и стратегии кои се преземаа од страна на власта, го потврдуваат нивниот негативниот ефект, изјави на денешната прес-конференција Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Таа додаде дека целокупниот воспитно образовен систем е во криза со оваа власт која не спроведе ниту една позитивна мерка која би го подобрила стандардот на учениците, средношколците и студентите.

Митева наведу дека УКИМ во моментов како да нема ректор, затоа што универзитетите не се вклучуваат во општествените процеси во државата иако има потреба од тоа.

УКИМ е на листата позади бројни универзитети од регионот и секоја следна година бележи пад на ранг листата.

Декларативните заложби на оваа власта уште една потврдија дека образованието како главен инструмент за развој на државата е на последно место на нивната листа на приоритети, ако воопшто ја имаат, изјави Митева.

Share
Scroll to Top