Пратеникот и член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Јане Мицевски, на прес-конференција одржана на 5 јули, изјави дека кандидатите на СДСМ за претстојните локални избори се истите кои се појавиле и во претходните два изборни циклуси.
Според него, тоа претставува доказ дека, како што рече, „Зоран Заев ги одбира кандидатите, а Венко Филипче ги потврдува“.
Мицевски ги посочи примерите на неколку актуелни кандидати, меѓу кои и кандидатот за градоначалник на општина Јегуновце, Дарко Блажевски, кој повторно е предложен од СДСМ. Тој го обвини Блажевски за неисполнети проекти и за, како што рече, „лична корист од ветените јавни проекти“.
„Во Јегуновце беше ветен културен дом, а на крајот стариот објект премина во негова сопственост“, рече Мицевски, додавајќи дека и во другите населени места, како Јанчиште и Жилче, дел од ветените проекти не биле реализирани додека Блажевски бил на функција.
Во своето обраќање, Мицевски оцени дека СДСМ се соочува со недостиг на нови и квалитетни кадри и затоа повторно ги кандидира истите лица. Тој додаде дека граѓаните, според ВМРО-ДПМНЕ, даваат поголема поддршка на нивните кандидати.
Текстот (Видео) Мицевски: Кандидатите на СДС се истите од претходните избори, избрани по волја на Заев е превземен од МАКФАКС.