(Видео) Мицкоски и Ѓорѓиевски во вечерна обиколка на Скопје: Се беше чисто и средено како што доликува

(Видео) Мицкоски и Ѓорѓиевски во вечерна обиколка на Скопје: Се беше чисто и средено како што доликува

пред 2 часа

Премиерот Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил објави дека заедно со градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски биле во вечерна обиколка на градот.

„Вечерна обиколка на плоштадот и дел од Градскиот парк. Се беше чисто и средено како што доликува за нашето Скопје!
Го посетивме и Луна Паркот за кој наскоро се започнува постапка за негова реализација“, напиша Мицкоски.

За вечерната обиколка на социјалните мрежи објави и градоначалникот Ѓорѓиевски.

„Вечерна обиколка на Скопје со премиерот Христијан Мицкоски, кое сега конечно личи на метропола, како што доликува.
Улиците и плоштадите чисти, полни со посетители – ја нема онаа лоша слика на која навикнавме.И никогаш повеќе нема да се повтори“, напиша Ѓорѓиевски на социјалните мрежи.

Го посетивме, пишува тој, и она што долги години му треба не само на Скопје, туку и на Македонија.

„ Луна Паркот за кој наскоро започнуваме постапка за негова реализација.
Најдоброто, доаѓа“, потенцира градоначалникот на Скопје.

Текстот (Видео) Мицкоски и Ѓорѓиевски во вечерна обиколка на Скопје: Се беше чисто и средено како што доликува е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top