Денеска претседателот на Владата, Христијан Мицкоски ја посети Општина Сарај, каде што изврши увид во активностите за регулација на коритото на реката „Сува Река“.
„Оваа Влада останува да биде посветена на реализирање на проектите, на ветувањата тоа што сме го преземале како обврска. Не е лесно предизвици има многу, нема да очајуваме бидејќи проблемите коишто се наталожиле со децении не може да се решат преку број, но бараме начин, бараме можност повеќе за сето она коешто претставува приоритет на граѓаните да биде завршено“, порача претседателот на Владата, Христијан Мицкоски при посетата на Општина Сарај.
„Им благодарам и на граѓаните на Општина Сарај за тоа што беа толерантни, трпеливи да овие проекти почнат полека но сигурно да се реализираат и благодарам исто така на сите колеги од владата коишто заеднички покажуваат како се работи во интересот на граѓаните и во интересот на Македонија како држава“, додаде Мицкоски.
Текстот (Видео) Мицкоски од Сарај: Владата останува посветена на реализирање на проектите кои ги ветивме пред граѓаните е превземен од МАКФАКС.





