Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, рече дека во целото интервју на Ковачевски кое го гледал, покажува фрустрација и нервоза, а она што не го очекувал да го забележи било гневот што го има кон Мицкоски.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Мицкоски додаде дека не знае од каде му е тој гнев лично кон него бидејќи не се познаваат лично иако Ковачевски тврди дека имале комуникација. Ја демантираше неговата изјава и го советуваше да не се служи со невистини како неговиот претходник.
– Јас навистина сум зачуден од тоа што го кажа вчера, бидејќи се повикува на единство во рамките на Европа, а токму тој е факторот кој што создава неединство бидејќи јас лично и ВМРО-ДПМНЕ многу пати во минатото подадовме рака, го повикавме на дијалог, сакавме дијалог во овие кризни времиња според него и според многу други членови на неговиот кабинет од Владата, самите тие констатираа дека се кризни времињата и неколку пати апелиравме да се седне, да се разговара, па ајде чекавме 100 дена да поминат и повторно апелиравме, но некако отсуството на мудрост и државнички капацитет во владата која Ковачевски ја води а и кај него самиот, доведе да веднаш таа подадена рака ја одбие. Ние сме свесни дека сето тоа води кон поларизација и дополнително фрустрирање на граѓаните, но едно знам, дека граѓаните три четвртини од нив или 75% мислат дека оди во погрешна насока и дека оваа влада треба да си оди. ВМРО-ДПМНЕ е народна партија и како таква мора да мисли на граѓаните, ние сме партија на народот и така се однесуваме. И бидејќи така се однесуваме, јас можам уште еднаш да подадам рака бидејќи до десетти има уште околу четири дена, да се вразуми и уште еднаш да размисли, да седнеме да зборуваме – додаде Мицкоски.
Мицкоски понуди и четири тима за Македонија од дента кога ќе седнат до датумот кога ќе договорат предвремени избори излезе што помалку оштетена од овие кризи кои за жал оваа влада, која е полна со криминал и корупција, неспособна е и не може да ги реши.