(Видео) Мицкоски: Увозот на тутун кој го договори Заев доведе до тоа да нема откуп за домашниот

пред 4 години

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска е во посета на Прилеп со цел, како што рече, да поразговара за исклучително лошата состојба во која што се наоѓаат тутунопроизводителите.

„Повеќе од 4.000 тони тутун ќе остане оваа година непродаден, неоткупен поради тоа што минатата година Владата на СДСМ и Зоран Заев практично дозволи да се увезува тутун во Македонија, наместо да се откупува домашниот“, истакна Мицкоски.

Тој додаде и дека од прва рака сака да слушне за висината на откупната цена.

„Во овој крај, во Прилепско, во Долненско е исклучително би рекол ниска, како никогаш досега, пониска била само можеби во 2005-тата година, исто така кога СДСМ беше на власт. Од информациите со кои што располагам, не само овде во Коњаре, во Големо маало, таква ситуацијата е и во Дебриште, така е и Црнилиште, така е и во Канатларци, буквално насекаде тутунарите во овој крај во Прилепско, во Долненско се разочарани од политиките кои што се денес секојдневие“, посочи лидерот на опозициската партија додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ предложила двојно зголемување на субвенцијата која што ќе ја добиваат тутунарите, но од Владата немало слух за таков потег.

Share
Scroll to Top