(Видео) Николов: Штип ќе го направиме еколошки чист град со нови места за рекреација

пред 3 години

Само заедно вклучени во процесите ќе постигнеме добри резултати, што е нагласено и во програмата со која од вас штипјани и штипјанки ја барам довербата, рече денеска во изјава за медиумите, Сашко Николов, кандидат за градоначалник на општина Штип од редовите на СДСМ.

Програмата „Во сигурни раце” нуди решенија за проблемите на граѓаните, за развој на градот, за еколошки чист град за што треба да придонесеме сите заедно, нагласи тој.

Рече дека борбата против загадувањето останува приоритет.

„За таа цел ќе се воведе нов режим на собирање на смет за што во функција ќе се стават пет нови специјални возила за собирање смет. Ќе се направи и селекција на отпадот, односно одвојување на пластика и стакло за што ќе се обезбедат контејнери на 30 нови локации во градот“, кажа Николов во своето обраќање пред граѓаните.

„Штип заслужува да биде во сигурни раце со одговорна општина која ќе направи се за да придонесе за чист воздух. Покрај постоечките, ќе се постават дополнителни мерни станици кои ќе го мерат квалитетот на амбиенталниот воздух. Ќе се формира нова паркова површина во населба Сењак 3, ќе се изврши хортикултурно уредување на кеј на река Отиња на делница од градска црква до мост Ново село како и на паркови површини во с. Чардаклија и с.Караорман“, истакна Николов.

Најави изработка на проектна документација за мапирање и изведба на висински рекреативни патеки за пешаци и велосипедисти, како и за рекреативна пешачка патека за поврзување на населба Караорман и населба Баби.

„Се обврзувам во мојот мандат, Штип да продолжи да биде отворена, услужна општина, општина на еднакви граѓани,
општина со родова рамноправност. Штип заслужува и Штип може! И знам дека со вашата доверба и натаму ќе остане во
сигурни раце!“, изјави Сашко Николов, кандидатот за градоначалник на овој град.

Share
Scroll to Top