(Видео) Николовска: Со антикризните мерки СДСМ спречи ценовен шок во време на најголема криза

пред 3 години

Во услови на светска економска криза која ја погоди и македонската економија, Владата предводена од СДСМ презема навремени и ефикасни мерки кои го штитат стандардот на граѓаните и обезбедуваат помош за компаниите, изјави на прес-конференција пратеничката на СДСМ, Фаница Николовска.

Таа рече дека минималната плата порасна на историски највисоки 18.000 денари, што е за двојно повеќе отколку пред четири години. Вели дека денес, две минимални плати се доволни да се покрие синдикалната потрошувачка кошнчка која за март изнесува 36.768 денари. Пред неколку години, рече Николовска, за да се покрие минималната кошничка беа потребни над четири минимални плати.

Додаде дека покрај минималната плата, растат и платите во образованието, здравството, градинките, одбраната, полицијата, културата и јавната администрација.

Како што најави, со растот на минималната плата ќе следува усогласување на сите плати, согласно рокот предвиден во Законот за минимална плата.

Share
Scroll to Top