(Видео) Пендаровски упати честитка на знаковен јазик

пред 3 години

Претседателот Стево Пендаровски, преку знаковен јазик го честиташе Меѓународниот ден за знаковниот јазик на сите глуви и наглуви граѓани.

„Да им овозможиме непречен пристап до знаковниот јазик и услугите на знаковен јазик на сите наши глуви и наглуви сограѓани. Да помогнеме да ги премостат бариерите со кои се соочуваат во комуникацијата со институциите. Да не заостануваме зад светот во унапредување на знаковните јазици како дел од јазичната и културната разновидност“, напиша Пендаровски на „Фејсбук“.

Share
Scroll to Top