(Видео) Пендаровски – Фон дер Лаен: Пристапните преговори ќе ги интензивираат реформите

пред 3 години

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон дер Лаен, која беше во посета на Северна Македонија.

Пендаровски изразил благодарност за посетата и за личниот ангажман на претседателката на ЕК и посветеноста кон земјите од Западен Балкан.

„Соговорниците разменија мислења и информации за најновите случувања поврзани со нашата европска интеграција и констатираа дека отпочнување на пристапни преговори на Северна Македонија со Европската Унија дополнително ќе го интензивира реформскиот процес и ќе овозможи економски и социјален напредок“, се наведува во соопштението од претседателскиот Кабинет.

Пендаровски ја нагласил важноста на поддршката од Европската Комисија во контекст на европската солидарност за вклучување на регионот во сите иницијативи предводени од Европската Унија, како и за ублажување на последиците од пандемијата на Ковид-19.

Соговорниците разговарале и за актуелните случувања во регионот како и за економско-инвестицискиот план на ЕУ за земјите од Западен Балкан.

Share
Scroll to Top