(Видео) Петрушевски: Ширењето паника за водата е крајно сериозно, институциите го расчистуваат случајот

(Видео) Петрушевски: Ширењето паника за водата е крајно сериозно, институциите го расчистуваат случајот

пред 5 часа

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз, Венко Филипче е заедно на Егејот со својот другар Зоран Заев, но влијае на оние кои ги остави тука, односно им дава насоки за ширење на дезинформации. Овој пат дезинформациите и лагите се од огромни размери, односно создадоа паника кај граѓаните на Скопје. Со последната лага дека водата во Скопје е небезбедна, Филипче и актуелното раководство на партијата си поиграа дури и со здравјето на граѓаните, изјави на прес-конференција, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

Тој рече дека адлежните институции веднаш реагирале, ја демантираче веста со факти, а Министерството за внатрешни работи започнало истрага кој е креаторот на хаосот и паниката. Институциите се на потег за расчистување на случајот.



„За разлика од актуелната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ која се грижи за граѓаните од секој аспект, СДС на Заев и Филипче очигледно е дека прават само штети.

Ширењето на лаги и крерање на атмосфера на паника и хаос, како и одење на ексклузивни одмори се единствена работа која Филипче и актуелното раководство знаат да ја прават и тоа е нивна специјалност.

Филипче и СДС треба да прекинат со лагите кои во овој случај се и крајно сериозни. Час поскоро Филипче и СДС треба да сфатат дека овие нивни обиди за лаги и ширење паника им нанесуваат штета само на нив“, додаде Петрушевски.

Текстот (Видео) Петрушевски: Ширењето паника за водата е крајно сериозно, институциите го расчистуваат случајот е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top