(Видео) По повеќегодишен застој и стагнација ја завршуваме изградбата на клучката кај Момин Поток, се пофали Ѓорѓиевски

(Видео) По повеќегодишен застој и стагнација ја завршуваме изградбата на клучката кај Момин Поток, се пофали Ѓорѓиевски

пред 4 часа

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска изврши увид во градежните активности на клучката кај Момин Поток, кои, според најавеното, по повеќегодишен застој за само неколку месеци со забрзана работна динамика се наоѓаат во завршна фаза и треба да завршат до крајот на годината.

– Клучката кај „Момин Поток“ ја затекнавме во повеќегодишна стагнација без никакви градежни активности и без завршена експропријација. За само неколку месеци ја завршуваме голготата низ која минуваше народот. Целосно е завршен големиот мост, кој што ги поврзува булеварот „Никола Карев“ со булеварот „8 Септември“ и улицата „Скупи“. Веќе едната страна од левиот дел према граничниот премин е целосно асфалтирана. Целата подземна инсталација е готова, односно атмосферската канализација, како и сите операторски кабли се спуштени подземно. Дополнително, два од трите моста на реката „Серава“ се целосно готови, а се работи со силно темпо и на третиот мост, со што до Нова година сметаме дека конечно ќе биде ставен во функција мостот, клучката, но и целиот овој потег кој што сериозно ќе сериозно ќе го среди сообраќајниот метеж на овој дел од градот Скопје. Скопјани заслужуваат, скопјани предолго чекаа на овој проект и конечно ќе го добијат она што го заслужуваат – изјави Ѓорѓиевски.

Текстот (Видео) По повеќегодишен застој и стагнација ја завршуваме изградбата на клучката кај Момин Поток, се пофали Ѓорѓиевски е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top