Претседателот Стево Пендаровски денеска го посети Уставниот суд, на покана на претседателката на судот, Добрила Кацарска.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Како што информираат од Кабинетот на претседателот, за време на посетата на која присуствувале и претседателот на Собранието, Талат Џафери и претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, Пендаровски бил запознаен со тековните активности на Уставниот суд и предизвиците во неговата работа.
Претседателката на судот посочила на проблемите со кадровската неекипираност, а исто така ги претставила техничките услови за работа на судот и потребата за нивно подобрување.
На средбата биле пренесени и неколку иницијативи во однос на исполнувањето на надлежностите на судот, вклучувајќи ја можноста за воведување на уставна тужба со проширување на надлежностите на Уставниот суд.
Пендаровски ја истакнал потребата за скорешно надминување на предизвиците во работата на Уставниот суд, посочувајќи дека во интерес на сите е Уставниот суд да работи во комплетен состав, со целосен капацитет и во соодветни технички услови.