(Видео) Свлечиште на градилиште во Скопје: оштетена инфраструктура, кабли за струја

(Видео) Свлечиште на градилиште во Скопје: оштетена инфраструктура, кабли за струја

пред 1 час

Иницијативата „Во одбрана на Буњаковец“ на социјалните мрежи објави фотографии и видео и предупреди за свлечиште на спојот меѓу улицата „Христо Смирненски“ и булеварот „Теодосиј Гологанов“, кај поранешен „Иво Лола Рибар“ во Скопје.

Како што наведуваат во објавата, дошло до колапс на земјиштето под асфалтот во близина на ново градилиште, за кое тврдат дека работело и за време на државниот празник.

„Оштетена е целата инфраструктура – кабли за струја, телекомуникации… Дали се загрозени и коловозите и тротоарите на булеварот и улицата – проценете сами“, нагласуваат од иницијативата „Во одбрана на Буњаковец“.

Алармираат дека состојбата може да претставува ризик и за околната инфраструктура.

(Фото и видео преземено со дозвола од Иницијатива „Во одбрана на Буњаковец“(

Текстот (Видео) Свлечиште на градилиште во Скопје: оштетена инфраструктура, кабли за струја е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top