(Видео) СДСМ: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ повлекоа сопствена точка, само за да ја спасат урбаната мафија

(Видео) СДСМ: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ повлекоа сопствена точка, само за да ја спасат урбаната мафија

пред 2 дена

„Ако на некој досега не му беше кристално јасна криминалната коалиција на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и привезокот од ЗНАМ, денес на седница на Советот на град Скопје тоа стана кристално јасно“, рече Љубица Јанчева, координатрока на советничката група на СДСМ и коалицијата во Советот на Град Скопје.

„Советниците на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ денес ја повлекоа сопствената точка за дискусија од дневниот ред на Советот на град Скопје бидејќи доцна забележаа дека во нивната предложена точка имаат побарано дискусија за „дивоградби во општина Сарај и други општини во градот Скопје“.

Откако сфатија дека советниците на седницата на Советот на град Скопје ќе имаат можност да дискутираат и за дивоградбите во Сарај но и во Чаир и другите општини, кренаа бунт за да ја спречат седницата која сами ја бараа.

Што крие Мицкоски и кого штити Панче Тошкоски?

Зошто свесно советниците на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ влегуваат во одбрана на криминалци кога тие добиваат само трошки од матните зделки на Мицкоски, Ганиу и Меџити?

До кога ВМРО-ДПМНЕ ќе владее со урбаната мафија во Скопје и во државата?

Колку пари се доволни за да се задоволат апетитите на Мицкоски, Ганиу и Меџити и да се престане со ставање на животите на граѓаните во опасност“, изјави Јанчева.

Текстот (Видео) СДСМ: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ повлекоа сопствена точка, само за да ја спасат урбаната мафија е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top