(Видео) Стоилковски: Ковачевски не е дипломец на Харвард, има неколкудневен курс кој скапо се плаќа

пред 3 години

Димитар Ковачевски беше лажно претставуван како дипломец на Харвард, а Ковачевски тоа молкум го одобруваше. Но, Ковачевски го нема во системот на дипломирани на Харвард. Човек што лаже и премолчува лага за себе е способен да лаже и да премолчува и одобрува лаги за сè понатаму, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„Ако Ковачевски прифаќа лага за своето образование, тоа е само потврда дека блеска заевизмот. Курсот на бизнис-школата на Харвард  трае 3-4 дена. За присуство на курсот нема услови за примање, не се полага приемен испит, ниту, пак, потоа се полага некаков завршен испит. Единствено се добива сертификат за присуство. И тоа се плаќа, многу се плаќа. Но тоа не дава никаква поврзаност понатаму со Универзитетот Харвард, ниту, пак, има Алумни број, ниту, пак, диплома, ниту адреса на е-пошта, што е дел од документите на Харвард и другите светски универзитети“, додава портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Според Стоилковски, за тоа кој го минал курсот таму не постои систем, а може да го мине, како што рече, секој со десетици илјади евра колку што тој чини.

„Ковачевски и без оваа лага беше наметнат во СДСМ затоа што Заев си постави свој разглас и му ги наполни изборните кутии. И оттука се прашањата што Ковачевски, но и СДСМ, сакаа да постигнат со ширењето на лаги за неговото образование. Дали со лажната биографија на Ковачевски се сакаше да се сокрие улогата на пион и марионета на Зоран Заев? Дали со овој заевизам се сакаше да се покрие фаворизирањето во корист на Ковачевски и заевизмот? И дали со оваа лага требаше да се намали значењето на молкот и неспособноста на Ковачевски во министерскиот кабинет во финансии додека тонеше и сè уште тоне Македонија?“, запраша портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Напомена дека едно е јасно, и според него ако курс се прикажува како факултет, продолжува блескањето на заевизмот.

Share
Scroll to Top