(Видео) Тренчевска: СДСМ ќе поднесе претставка до Уставниот суд по срамната резолуција

(Видео) Тренчевска: СДСМ ќе поднесе претставка до Уставниот суд по срамната резолуција

пред 3 месеци

СДСМ ќе поднесе претставка до Уставниот суд по срамната Резолуција во Собранието, објави потпретседателката на партијата, Јована Тренчевска.

„Од овде, од пред Уставниот суд испраќаме гласна порака: СДСМ нема да дозволи гушење на демократијата и слободата на говор. Заедно со граѓаните ќе ја одбраниме Македонија, ќе ја одбраниме демократијата. ДПМНЕ–ЗНАМ усвоија неуставна Резолуција со која директно се загрозуваат слободата на говорот и слободата на политичко дејствување на опозицијата“, рече таа.

Според Тренчевска, целта на власта е да ја замолчи опозицијата и да се забрани било каква дебата за договорот -мигранти за пари, да се спречи вистината да излезе на виделина.

„Секој што ќе зборува јавно за мигранти, да се таргетира со закани за кривични пријави и затвор. Затоа и забрзано работат на воспоставување контрола врз судството и обвинителството“, рече таа и истакна дека ќе биде поднесена претставка до Уставниот суд за уривање на уставниот поредок.

Според неа, Резолуцијата е спротивна на Уставот во делот на основни човекови слободи и права на граѓанинот – слободата на изразување која е неприкосновена.

Тренчевска најави и дека ќе се обратат до сите релевантни меѓународни институции и ќе побараат помош и од институциите на ЕУ, од сестринските партии во Европа.

Текстот (Видео) Тренчевска: СДСМ ќе поднесе претставка до Уставниот суд по срамната резолуција е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top