(Видео) Филипче: Задоцнета и половична мерка на Мицкоски која нема да има ефект

(Видео) Филипче: Задоцнета и половична мерка на Мицкоски која нема да има ефект

пред 2 часа

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес конференција оцени дека мерката за намалување на ДДВ на горивата од 18% на 10% е задоцнета и далеку од доволна.

Според него, ова нема да придонесе за реално намалување на цените на горивата.

„Цените на горивата веќе три недели се покачени. Прво дизелот се покачи за 14 денари, па потоа за уште 7 денари, и тоа се 21 денар. За утре се очекува ново поскапување на горивата. И имајќи го предвид ова намалување на ДДВ-то, тоа значи дека граѓаните нема да видат во текот на утрешниот ден, следната недела, следниот период вистинско намалување на цените на горивата кои што ќе ги плаќаат на бензинските пумпи. Туку горивото очекуваме да се зголеми за дополнителни 4 до 6 денари согласно новата пресметка на цената. Значи, апсолутно задоцнета и мерка која што никако нема да даде ефект кој што ќе го почувствуваат граѓаните“, рече Филипче.

Тој потенцираше дека досегашните зголемувања на цените ги чинеа граѓаните околу 4,5 милиони евра, посочувајќи ги поскапувањата во маркетите.

„Се поставува прашањето што чекаше премиерот Мицкоски три недели? Сè поскапе затоа што не реагираше на време. Три недели ги остави граѓаните сами. Наместо навремена реакција, дозволи цените на горивата да ја активираат спиралата на раст на цените на сите производи, најмногу на храната. Започнати се веќе поскапувањата, маслото за јадење е над 100 денари, јајцата над 300 денари, зеленчукот и овошјето над 100 денари за килограм. И сега нема мерка за намалување на цените на храната. А овие цени кога еднаш ќе се покачат тие повеќе нема да се вратат назад“, додаде Филипче.

Претседателот на СДСМ го обвини Мицкоски за дефокус од реалните проблеми.

„Па со што се занимаваше премиерот изминатите три недели – со прослави на ЕПП на трошок на граѓаните, продолжен викенд, со спинови, дефокус, навреди, недоличен речник, напади врз мене, лично до опозицијата и секако со лагите дека сме биле четврта економија во светот. Дефокусот, лагите, спиновите не го полнат фрижидерот на граѓаните. Дефокусот не обезбедува намалување на цените на храната. Платите одби да ги покачи, одби 600 евра минимална плата колку што реално им се потребни на луѓето за да преживеат, да се прехранат. Денеска нема други мерки, следела владата будно. Што следи? Како тоне стандардот на граѓаните? Тоа ли следи премиерот?“ рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче на денешната прес конференција.

Текстот (Видео) Филипче: Задоцнета и половична мерка на Мицкоски која нема да има ефект е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top