(Видео) Филипче од Свети Николе: Криминалната власт ги остави граѓаните без помош, а земјоделците ги извиси

(Видео) Филипче од Свети Николе: Криминалната власт ги остави граѓаните без помош, а земјоделците ги извиси

пред 3 часа

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска во Свети Николе се сретна со граѓани и земјоделци, со кои разговарал за проблемите со кои се соочуваат, при што упати критики до Владата за, како што оцени, недоволната поддршка во услови на економска криза.

Филипче рече дека граѓаните се соочуваат со високи трошоци, особено за гориво. Според него, нема доволно помош за пензионерите со најниски пензии, социјално загрозените лица, семејствата со повеќе деца и граѓаните кои примаат минимална плата.

„Граѓаните ги споделуваат со нас секојдневните проблеми огромни, натрупани, без никаква грижа и помош од власта“, рече Филипче.

Филипче посочи дека СДСМ во Собранието предложи мерки за зголемување на минималната плата на 600 евра, како и финансиска поддршка за земјоделците погодени од кризата. Тој порача, власта да ги разгледа овие предлози и да одговори на барањата на граѓаните.

„Разговаравме за нашите предлози во Собранието, предлог Закон за зголемување на минималната плата од 600 евра и предлог Закон за поддршка финансиска во оваа криза во која се наоќа земјоделството, за што се надевам дека оваа ненародна, криминална, корумпирана и антимакедонска власт навистина ќе излезе во пресрет и ќе даде поддршка, односно дека барем еднаш во овој изминат период ќе го слушне гласот на народот“, истакна Филипче.

Текстот (Видео) Филипче од Свети Николе: Криминалната власт ги остави граѓаните без помош, а земјоделците ги извиси е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top