Фондот за иновации чија основна работа е поддршка на иновации, наука и слична работа, не работи во ни малку сличен капацитет и насока за тоа што е создаден, избави на денешната прес конференција Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Тот додав дека СДСМ не ја научија лекцијата и после сите оние скандалозни конкурси, но што е тоа е. Таков им е поривот и тоа им е начинот на функционирање.
“И замислете, во криза во каква што се наоѓаме во моментов, СДСМ и Коста Петров наместо да работат за тоа што се платени, тие бараат рецепти за пица од старите римјани што потекнувале пред 2.000 години, за да ги поддржат со грант. И за таа пица, за таа рецепта на одредена фирма од Гостивар од каде што потекнува Коста Петров доделува грант од 2.400.000 денари, само за некоја фирма од Гостивар да ја примени рецептата старата тајна на римјаните од пред 2.000 години за правење пица. И додека над 2.400.000 денари ги доделуваат за грант за рецепта за пица како да е најголема иновација, истата таа рецепта можете да ја најдете на десетици пребарувачи на интернет. На Гугл да пишат одма ќе им излезе. Единствено е можно да ја пробал Коста Петров, па затоа да ја поддржал. Друго објаснување нема. Ова е најскапата рецепта за пица што е платена во Република Македонија и што воопшто историјата ја познава.” изјави Арсовски.
Тој додава дека сите се сеќаваме колку десетици милиони евра имаат испумпано од Фондот за иновации изминатите години.
“Секој нареден повик и доделување средства е без доверба кај граѓаните и окарактеризиран како залудно трошење на пари и испумпување пари, само заради овие работи кои што ги наведов погоре. Затоа треба и потребна е ревизија од стручна фела и експерти и наместо да пронаоѓаат стари рецепти од римјаните што не им е работа нека отворат на Гугл има се. Туку нека се фатат здраво за работа и нека го поддржат стопанството и младите научници иноватори кои што чекаат поддршка од државата, а ја немаат.” изјави Арсовски.
Според ВРО-ДПМНЕ иновација не е поддршка на близок човек од интерес, иновацијата има сосема друго значење. А, деца иноватори во Република Македонија има многу кои што не можат ниту да стигнат до Фондот за иновации.
“Ова е само залудно трошење пари за вакви проекти со нула резултат,” истакна Арсовски на денешната прес конференција.