Владата го предложи Макрадули за член на Управниот одбор на „Пошта“

пред 4 години

Во однос на кадровските решенија, Владата заклучи да му препорача на Надзорниот одбор на Акционерско друштво за поштенски сообраќај „Пошта на Северна Македонија“ во државна сопственост–Скопје за член на Управниот одбор на АД „Пошта на Северна Македонија“ во државна сопственост–Скопје да го избере Јани Макрадули.

Јасна Дуковска-Јегени ја именуваше за член на Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Северна Македонија–овластен ревизор.Дениз Исмаили го разреши од должноста в.д. директор на Управата за наменско производство.Емил Димитровски го именува за в.д. директор на Управата за наменско производство.Митко Крстевски го разреши од должноста директор на Управата за семе и саден материјал.Лутфи Акики го именуваше за директор на Управата за семе и саден материјал.

Владата на денешната седница ја прифати оставката на Бајрам Ѓулиовски и го разреши од должноста в.д. заменик на директорот во Агенцијата за стоковни резерви, на негово барање.Кети Смилевска ја именуваше за в.д. заменик на директорот во Агенцијата за стоковни резерви.

Владата донесе Одлука за давање на претходна согласност на Управниот одбор на Фондот за иновации и технолошки развој, да го разреши Јован Деспотовски од должноста директор на Фондот за иновации и технолошки развој, на негово барање.Владата ја прифати оставката на Александар Младеновски и го разреши од должноста директор на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони, на негово барање и го разреши Никола Шалваринов од должноста директор на Агенцијата за иселеништво.

На денешната седница беа донесени и одлуки за именување на Слободан Близнаковски за директор на Агенцијата за иселеништво и Иљми Селами за в.д. заменик на директорот во Државниот завод за статистика.

На предлог на Министерството за култура, Владата донесе решение за именување на претседател и членови на Националниот совет за културното наследство.

Share
Scroll to Top