Владата денеска ќе ја одржи редовната 16. седница, на која на дневен ред ќе бидат повеќе теми, но фокусот ќе биде на безбедносната ситуација во Украина.
„На денешната седница ќе се разгледува Информацијата за безбедносната ситуација во и околу Украина и за потребните мерки за осигурување на безбедноста на членовите од Република Северна Македонија во Специјалната мониторинг мисија на ОБСЕ во Украина. Двете информации се предложени од Министерството за надворешни работи“, се наведува во владиното соопштение.
Покрај тоа, на седницата ќе се раговара и за организирањето на втората меѓународна конференција Преспа форум за дијалог и за заклучоци за одржаниот седумнаесетти состанок на Поткомитетот за транспорт, животна средина, енергетика и регионална политика.