Коалицијата ВЛЕН обвини дека ДУИ останала „заглавена во 2008 година“ и дека повторно користи стара политичка реторика во обид да се врати на власт.
Во соопштението, ВЛЕН наведува дека ДУИ лажно се претставува како единствен гарант за политичките и демократските права на Албанците и ја обвинува партијата дека се бори исклучиво за „власт и функционерски фотелји“.
Од коалицијата оценуваат дека ДУИ со своето однесување признава оти зад себе оставила „половични алатки, фалични закони и недорешени прашања“, што според нив е доказ дека партијата со години нудела популизам наместо реални решенија.
ВЛЕН во реакцијата го спомена и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, наведувајќи дека аферата „Соравија“ и другите скандали, според нив, покажале дека „парите му се поважни од националните чувства“.
Текстот ВЛЕН: ДУИ е заглавена во 2008 година е превземен од МАКФАКС.






