СДС денес повторно вели дека имало спорен момент во раководењето на Националната агенција Еразмус +, односно бил спорен моментот од 2014 година до 2017 година. Да потсетиме, СДС беше на власт 7 години од 2017 година до лани. Доколку имало нешто спорно во Агенцијата Еразмус +, тие не само што ќе ги затвореа луѓето, туку и ќе ги снимаа и омаловажуваа како Гордана и Миле, реагира ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференцијата на Манасков.
„СДС имаше можност 7 години да провери и да расчисти доколку имало некаков криминал. Но, на нив им одговараше Лидија Димова и таквите како неа, а секако тоа му одговарало и на тогашниот претседател Заев, кој можеби со тие пари и си ја има купено јахтата, во која заедно со Филипче уживаат на Егејското море.
Лицемерието на СДС е огромно. Нивните поранешни функционери тонат во криминал и корупција, нема институција во која немаат направено криминал, ама затоа имаат судии и обвинители кои ги штитат. И на ова ќе му дојде крајот“, се додава во реакцијата.
Текстот ВМРО-ДПМНЕ: Ако имало нешто противзаконско во „Еразмус +“ како што зборува СДС, бомбастично ќе ги затвореа луѓето додека беа власт е превземен од МАКФАКС.