ВМРО-ДПМНЕ: СДС со мрежа за фалсификување документи и лажни вести водена од Асаф Еисин влегува во сериозен криминал за кој ќе одговараат

ВМРО-ДПМНЕ: Асаф Еисин и групата од која е дел се под истрага во повеќе земји, промените не можат да ги запрат, по изборите ќе одговараат сите со се Пендаровски, Ковачевски, Зечевиќ и Муслиу

пред 8 месеци

Стево Пендаровски, Димитар Ковачевски и Миле Зечевиќ му ја ставиле на располагање Агенцијата за разузнавање водена од Еролд Муслиу, на Асаф Еисин, за каде имаме сомнение дека се фалсификувале документи против ВМРО-ДПМНЕ, а кои се објавуваат во јавност, како наводна вистина, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие додаваат дека главен нарачател е Пендаровски и Ковачевски, а Зечевиќ е посредникот преку кого одат исплатите и јавно прашуваат како се исплаќа Асаф Еисин, дали во кеш и дали за тоа се користат парите стекнати преку тендерите во РЕК Битола?

Асаф Еисин е припадник на групата на Тал Ханан, која е предмет на истраги ширум светот за мешање во изборни процеси, местење и фалсификување. Од Франција до Африка и од Латинска Америка до Индонезија. СДС влегле во врска со белосветски мешетари, околу кои се повеќе се стеснува обрачот. И Асаф Еисин и Пендаровски, Ковачевски и Зечевиќ треба да знаат дека ќе одговараат и во Македонија за сите конструкции и криминали кои ги направиле и ги прават, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Текстот ВМРО-ДПМНЕ: Асаф Еисин и групата од која е дел се под истрага во повеќе земји, промените не можат да ги запрат, по изборите ќе одговараат сите со се Пендаровски, Ковачевски, Зечевиќ и Муслиу е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top