Зоран Заев заедно со ДУИ ќе изгубат на изборите. Токму оваа коалициона банда ќе изгуби на изборите поради криминал и корупција. Второ име на оваа криминална банда е неспособност. Секогаш во предизборието се расфрлаат со слатки зборови и ветувања, кои што за жал остануваат само во нивните памфлети, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„ Дека СДСМ – ДУИ освен криминал и корупција не знаат ништо да сторат е и примерот со мерките за КОВИД-19. Имено, од никакви мерки, непостоење на мерки, наеднаш се премина на радикални мерки кои прават поделби кај граѓаните. Токму тоа значи само дека власта нема концепт и буквално како муви без глави летаат и не знаат што да прават ниту со себе, ниту со државата.
Владата предводена од криминалната банда СДСМ – ДУИ направи погрешен потег, уште една глупост која нема граници, а тоа е примање на бегалци за кои Македонија нема капацитет да ги смести. Додека побогати земји одлучиле да примат едноцифрен број на бегалци, а Владата на Заев која не може за своите граѓани да се грижи ќе згрижи огромен број на бегалци. Со секое јавно појавување на Заев се зголемува бројката на бегалци кои че бидат згрижени во Македонија.
Сите проблеми на граѓаните во врска и со лични карти и со се друго лежи во пораз на СДСМ на локалните избори. Конечниот пораз и конечното решение на сите проблеми на граѓаните е пораз на криминалната банда СДСМ – ДУИ на локалните избори, веднаш по поразот на власта на локалните избори нови луѓе со нова визија, мотивирани и храбри да работат за интересите на државата и на граѓаните“ се додава во соопштението.