ВМРО-ДПМНЕ во Собранието ќе поднесе Декларација за зацврстување на темелот за ликот и делото на Гоце Делчев

пред 3 години

ВМРО-ДПМНЕ во рамки на Собранието ќе поднесе Декларација да се зацврсти темелот за ликот и делото на Гоце Делчев, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во рамки на одбележувањето на 150-годишнината од раѓањето на македонскиот деец. Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, очекува од сите политички партии без разлика дали се парламентарни или се надвор од Парламентот истата да ја поддржат.

Тој рече дека одбележувањето на годишнината поминало како во тајност, без протоколи или некој што знае што се случува.

„Како делегација на највисоко ниво од ВМРО-ДПМНЕ денеска одбележуваме 150 години од раѓањето на големиот македонски деец Ѓорѓи Делчев. Кој што оставил голема трага за нас Македонците, за Македонија. Со неговото дело и неговата борба за независна, суверена македонска држава во срцето на Балканот не задолжил истата да ја чуваме, негуваме и развиваме за да генерациите после нас се сеќаваат на неговото големо дело и за Македонија, и за македонскиот народ од чија нераскинлива алка е овој човек“, рече Мицкоски.

Share
Scroll to Top