ВМРО-ДПМНЕ: Да ја градиме Македонија со дела и да ја оставиме посилна на оние што доаѓаат по нас

ВМРО-ДПМНЕ: Да ја градиме Македонија со дела и да ја оставиме посилна на оние што доаѓаат по нас

пред 1 час

Пред 35 години не обедини сонот за слободна и независна Македонија. Македонскиот народ покажа дека има храброст да чекори по својот пат, со крената глава и со вера во сопствената иднина. Нека и денес не обединува љубовта кон Македонија, се вели во честитката од ВМРО-ДПМНЕ, по повод 8 Септември.

„Независноста е чувство на припадност, љубов кон татковината и одговорност кон иднината. Таа е обврска да го зачуваме она што ни е оставено и со достоинство да го предадеме на генерациите што доаѓаат.

Македонскиот јазик, македонската песна и македонската традиција се дел од приказната што се раскажува низ векови. Македонското знаме е симбол во кој се вткаени нашата историја, нашите корени, спомените на генерациите пред нас и надежите на генерациите што допрва ќе дојдат.

Македонија е наш дом, наш корен и дел од секој од нас. Да ја сакаме, да ја чуваме и со дела да придонесуваме за нејзината иднина“, потенцираат од оваа партија.

„Нека Македонија биде земја во која младите ќе остануваат затоа што тука го гледаат својот сон. Земја во која секое семејство ќе има причина да верува во подобро утре.

Да ја чуваме Македонија со љубов, да ја градиме со дела и да ја оставиме посилна на оние што доаѓаат по нас“.

Текстот ВМРО-ДПМНЕ: Да ја градиме Македонија со дела и да ја оставиме посилна на оние што доаѓаат по нас е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top