Сфаќаме дека за Никола Димитров менувањето од функцијата е негов најнесреќен ден, зошто тој е кариерист, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ, како реакција на денешните изјави на Димитров.
„Димитров нека не глуми генерал после војна и дека наводно бил жртва на “злобната” Бугарија, туку тој е жртва на својата неспособност и распродавањето и поигрувањето со државните интереси. Наместо Европа, СДСМ Заев и Димитров ја однесоа државата во ќор-сокак во однос на европските интеграции“, се наведува во партиската реакција.
Според ВМРО-ДПМНЕ, задоцнета е грижата на Димитров за националните и државни интереси.
„Тој беше првиот што ги продаваше кога СДСМ беше во налет и цврста власт, и целосно ги игнорираше предупредувањата на ВМРО-ДПМНЕ. Сега неговата грижа освен што е лажна и лично мотивирана, таа е и задоцнета“, посочуваат од партија.