ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски успеа само да биде измеќар на двоецот Заев – Филипче

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски успеа само да биде измеќар на двоецот Заев – Филипче

пред 12 часа

Тоа што еден предавник и корумпиран политичар може како зло да го нанесе на својата држава, не можат потоа 1000 чесни, добронамерни и паметни да го исправат, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес- конференцијата на Андреј Жерновски.

„Што се однесува до Жерновски и неговите површни напади, кој е 30 години во политиката и по ништо квалитетно и добро не го памти народ, освен што сега во негов стил одбира да е измеќар на двоецот Филипче Заев, и чиј дедо бил бугарски кмет и ја разбираме неговата предиспозиција за предавства и затоа темите за припадност и идентитет му се туѓи, би констатирале дека не постои глупост и промашај на лидер чија пудлица тој избира да биде во одреден момент што не може да го оправда и да му даде романтична и исправна димензија, зашто тоа всушност е како овој арогантен политичар функционира цел живот. Со менување ставови, партии, мислења, љубов кон лидери. Ќе почекаме да му пројде љубовта кон двоецот Заев Филипче и кон СДС, и тогаш можеби ќе се префрли во друга партија или ќе докажува лојалност кон друг лидер, ќе кажува нешто сосема трето, но убедени сме дека ни тогаш нема да сфати дека не постои цена која може да оправда предавство“, се наведува во реакцијата.

Текстот ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски успеа само да биде измеќар на двоецот Заев – Филипче е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top