ВМРО-ДПМНЕ: Заев е „капо ди тути капи“ зад криминалите на Зеќири и Рашковски

пред 3 години

После Драги Рашковски, најдобриот другар на Заев, сега и кумашинот на Заев, Мухамед Зеќири е фатен во криминал, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму додаваат дека како Рашковски, така и Зеќири ова не го правеле на своја рака, туку, како што велат, зад нив седи ликот кој е „капо ди тути капи“ на мафијата.

„Заедничкото за овие двајца освен што се луѓе од доверба на Заев, е дека беа и генерални секретари на владите на заевизмот. Веројатно шемата е иста, преку матни зделки милиони народни пари да се одлеваат во приватни џебови. Еден Рашковски заменет со друг Зеќири и двајцата фатени во апашлук“, се наведува во партиската реакција.

Според ВМРО-ДПМНЕ народот осиромашува, а елитата на власт од СДСМ и ДУИ продуцира милионери од, како што велат, обични голтари.

„Ако Рашковски правел криминогени далавери со софтвер кој сам на себе си го продаваше со народни пари, сега во случајот со Зеќири е правена студија за продажба на Македонска пошта во износ од близу милион евра, без да има тендер.

Додека Македонска пошта има нередовни плати, Зеќири направил милионска зделка и ја доделил на негови партнери од Хрватска, а за возврат добиваат ‘семинарски труд’“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Share
Scroll to Top