Ковачевски е пиун и послушник на Заев и веќе тоа им е јасно на сите. Очигледно Ковачевски е избран од менторот Заев како најдобар продолжувач на заевизмот. Пиунот Ковачевски ќе ја има улогата да ги продолжи штетните политики на Заев и да ги прикрива криминалите на својот шеф. Тоа најдобро го илустрира длабокиот и понизен поклон на Ковачевски пред Заев, се вели во соопштението од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека доколку Ковачевски знаел и умеел да направи добро за граѓаните ќе направел од позицијата во владата. Да размислувал поинаку од матрицата на Заев, барем еднаш ќе се побунеше за штетните и погубни политики кои ја донесоа Македонија на колена.
Впрочем тој е лика и прилика на Зaевизмот. Ковачевски е веројатно единствен пример на човек кој докторат одбранил во Црна Гора, а цело време работел во Македонија. Сосема случајно неговиот татко во тоа време бил амбасадор во Подгорица, кога Ковачевски неверојатно докторирал. Заевизмот мора да биде поразен за на Македонија да и тргне, а тоа е можно со предвремени парламентарни избори, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.