Соопштението на СДС и Филипче утрово за семејниот одмор на премиерот Мицкоски е пример за тоа како делува талогот во СДС на ниски страсти и сеење на омраза, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението од СДСМ.
„Гостивар вода за пиење ќе има, наспроти стотиците сокриени случаи на загадена вода кога Венко како министер не реагирал и мува не го лазело. Но кога сме кај одморите чесно е СДС да каже каде е Венко Филипче на одмор? Под А. Венко е на одмор на јахтата на Зоран Заев купена со украдени пари закотвена на Егејското Море. Под Б. Венко е на одмор со Вице Заев во Бугарија, патем да извадат украдени пари од РЕК префрлани на фирмата на Колашинац?“, велат од партијата.
Текстот ВМРО-ДПМНЕ: Кога сме кај одморите, чесно е СДС да каже каде е Венко Филипче, во Грција или во Бугарија? е превземен од МАКФАКС.




