Пратениците на СДСМ и ДУИ гласаа против Предлог-законот за измени и дополнувања на Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи поднесен од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, велат од пратеничката група.
„Овој предлог закон предвидуваше многу решенија за проблемите со кои се соочуваат тутунопроизводителите. Законот го продолжува рокот за организираниот редовен откуп на тутун од 28 февруари да биде на 31 март со цел да не остане неоткупени количини на тутун во иднина. Исто така го регулира увозот на нефетментиран тутун се со цел да се заштити домашното производство“, истакна Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Според опозицијата, СДСМ со гласањето против, покажале дека се против заштита при склучувањето на договори за тутун и покрај поднесените приговори. Нивното гласање против, велат од ВМРО-ДПМНЕ, во иднина ќе резултира со намалување на договорите за откуп на тутун, но исто така ќе допринесе и за намалување на количината на произведен тутун и откупен тутун што не е во интерес на тутунопроизводителите на кои што ова им е основа егзистенција.