Владата на Заев заедно со Комисијата за заразни болести потфрлија. Неспособноста на власта и Комисијата резултира со 834 починати лица, обвини ВМРО-ДПМНЕ.
„ Македонија поради неодговорноста на власта и Комисијата се искачи на првото место во регионот и пошироко по новозаразени и починати од ковид-19. Членовите на Комисијата за заразни болести наместо како лекари се поставија како политичари.
Болници преполни, здравствен кадар преморен, власта не го дочека претстојниот есенски бран на ковид подготвена. Очигледно е дека Владата на Заев нема стратегија.
Граѓаните се жртва на неспособноста и неодговорноста на власта. Граѓаните бараат одговорност“ велат од партијата.