ВМРО-ДПМНЕ: Сoцијалдемократскиот сојуз е во изолација и без концепт, Владата останува посветена на реформи и економски раст

ВМРО-ДПМНЕ: Сoцијалдемократскиот сојуз е во изолација и без концепт, Владата останува посветена на реформи и економски раст

пред 2 часа

ВМРО-ДПМНЕ реагира на ставовите на Венко Филипче, оценувајќи дека Социјалдемократскиот сојуз е во политичка изолација, без јасен концепт и во конфузија поради, како што велат, падот на рејтингот.

Од партијата тврдат дека изјавите на Филипче се „небулозни“ и дека наместо да делува како сериозна опозиција, настапува со, како што наведуваат, неконзистентни позиции.

Во соопштението се посочува дека Филипче е „синоним за криминалното владеење“ на Зоран Заев, обвинувајќи дека во време на СДС биле зголемувани акцизите и ДДВ-то за дел од производите, што, според нив, придонело за раст на цените и инфлацијата.

ВМРО-ДПМНЕ наведува дека актуелната Влада, предводена од Христијан Мицкоски, успеала да ги задржи цените на горивата стабилни, за разлика од другите земји во регионот, како и дека работи на враќање на, како што се наведува, „наталожени долгови“ од 2,5 милијарди евра.

Во реакцијата се додава и дека СДСМ го „колабирал енергетскиот сектор“ и дека граѓаните плаќале високи сметки за струја, додека, според ВМРО-ДПМНЕ, одредени структури профитирале.

Партијата исто така обвинува дека СДС водел политики што довеле до, како што велат, „распродавање на националниот идентитет“, потсетувајќи на промената на името на државата и договорите со Бугарија.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека ќе останат посветени на реформи, економски раст и подобрување на животниот стандард, како и на заштита на правата на македонската заедница во соседството.

Текстот ВМРО-ДПМНЕ: Сoцијалдемократскиот сојуз е во изолација и без концепт, Владата останува посветена на реформи и економски раст е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top