СДСМ наместо проекти нуди црна кампања, тоа е доказ дека се во паника и ќе загубат. СДСМ нема проекти, нема понуда, една недела СДСМ води црна кампања, со лаги и клевети, реагираат преку соопштение од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Со СДСМ, додаваат од таму, граѓаните добиваат само деструктивност, поделби и сиромаштија.
„За да продочжат да крадат СДСМ и ДУИ со леснотија си играат со огнот на етничките тензии, сакајќи да предизвикаат конфликт. Во моментов најголем непријател на етничките односи е Зоран Заев и неговиот партнер ДУИ, затоа што така си го штитат криминалот, сложно крадат од тендери додека пред камерите глумат загрижени политичари за мултиетничката демократија“, се потенцира во соопштението од оваа партија.
И Албанците, исто како и Македонците, велат од ВМРО-ДПМНЕ, живеат подеднакво лошо и сите заедно ја напуштаат државата поради таквите како Заев и Ахмети.
„И за да продолжат да крадат, ќе лажат, ќе измислуваат и ќе сеат омраза. Тие не сакаат сплотеност, зошто така тие нема да се важни. Времето на криминал заврши. Време е за промени, за победи, за проекти“, стои во писмениот допис.